Здраво, повели најави се или регистрирај се.

Сподели на:
Барај

Кошничка

0 продукт(и) Кошничка
Вашата кошничка е празна!

За Нас

УНИПРЕС ДОО - Скопје, претпријатие за новинско издавачка дејност, производство, услуги и трговија на големо и мало, е водечка фирма во Република Македонија во производството на знамиња, канцелариски и надворешни јарболи,  печатење на текстил и друго.

Задоволувајќи ги желбите на купувачите, пред се со врвниот квалитет, прецизните рокови за испорака и евтини цени, во над 20-годишниот период на постоење на фирмата УНИПРЕС стекна голема доверба и углед на македонскиот пазар и пошироко. 

Со носталгија се сеќаваме на скромните почетоци на УНИПРЕС во 1990-тата година како семеен бизнис. Од тогаш, па до денес, УНИПРЕС прерасна во водечка фирма во Република Македонија во производството на знамиња и јарболи со 20-тина вработени. 

Наша цел е да вработуваме исклучително квалитетни кадри, и со високо образование во административниот дел. УНИПРЕС ги поттикнува своите кадри да го продолжат своето образование и по завршувањето на студиите, па така, меѓу своите вработени имаме и иден магистер по менаџмент. 

Во организациската структура на УНИПРЕС се издвојуваат неколку сектори како комерција и маркетинг, производство, сметководство.

УНИПРЕС располага со производствени капацитети за печатење и шиење. Производствениот процес на знамињата на УНИПРЕС постојано се менува и се доусовршува, што ни овозможува да држиме чекор со времето и барањата на пазарот. Печатницата на УНИПРЕС е опремена со плотери со врвна НОВА Јет технологија кои овозможуваат најбрз печат со врвен квалитет на платно и на хартија. 

Знамињата на УНИПРЕС се изложени насекаде: во домовите, јавните објекти, општините, спортските клубови и сојузи, хотелите, претпријатијата, улиците...
Корисници на услугите се и многубројните странски амбасади и мисии во Македонија и надвор од неа. 

Како составен дел на дејноста на УНИПРЕС е и изработката на јарболи од различен тип и големина. Особено внимание заслужуваат канцелариските јарболи кои се изработени од алуминиум, потоа комбинација на месинг и дрво или мермер и инокс и со својата квалитетна изведба ги задоволуваат сите светски стандарди. Исто така, УНИПРЕС изработува и неколку видови надворешни јарболи меѓу кои се издвојуваат јарболите со ротационен механизам.

Транспарентите (банерите) кои ги изработува УНИПРЕС ги красат најголемите улици и булевари на Скопје. Меѓу нив, би ги издвоиле банерите за концертите на Дееп Пурпле, Њхитеснаке, Браѕан Феррѕ и Роџѕ Музиц и многу други светски познати имиња. 

Покрај знамињата, УНИПРЕС е препознатлив и по печатење на маици и капи од секаков вид: печатење на сито, пресликување, везење, дизајнирање...

УНИПРЕС има уникатна технологија за изработка на месингани, алуминиумски и иноксни табли за општините, претпријатијата и министерствата, по исклучително пониски цени. 

Исто така, УНИПРЕС се занимава и со печатење на различен канцелариски материјал, печатење на заштитни знаци на фирмите на стаклени и порцелански чаши, изработка и печатење на лога на ѕидни часовници, календари, визит карти, плакети, дипломи, како и покани, сито печатење на пластични и метални привезоци, пенкала, запалки...

Можностите за изработка на други производи се неограничени. Доволно е само да се има желба и идеја за некаков вид на печат, а УНИПРЕС квалитетно, прецизно и навремено да ја реализира. 

Од неодамна, УНИПРЕС започна со дистрибуција на своите производи преку отварање на своја подружница со седиште во Охрид. Продавницта на УНИПРЕС во Охрид е опремена (освен со знамиња) и со уникатни сувенири и реплики на музејски експонати кои асоцираат на богата историјата на Македонија и Охрид. 

Адреса: 29 Ноември 17/9
1000 Скопје, Македониа
Тел: ++389 2 3220-245/7
www.unipres.com.mk
Е-маил: unipres@t-home.mk

УНИПРЕС © 2024 - Овозможено од АБВ - Веб Дизајн